Кривична за помошник Министер во МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Р., поради основано сомнение за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ согласно чл. 353 ст. 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, пријавениот – во својство помошник на министерот за внатрешни работи и раководител на Одделот за дисциплински и судски постапки – ја искористил службената позиција и ги пречекорил овластувањата така што за месеците јуни, јули, август, септември, ноември и декември 2023 година лично одобрил списоци за прекувремени часови и листа на вработени кои ги исполнуваат условите за бонус плата за 2023 година, иако немало писмени наредби за работа над полно работно време.

На тој начин, како што се наведува, се стекнал со 80.134 денари на име прекувремена работа и 36.614 денари на име бонус плата – вкупно 116.748 денари, на штета на буџетот на МВР.

 

Back to top button
Close