Кривична за скопјанец: Заедно провалиле во викенд куќа, а потоа не ја пуштал да си оди
Денеска (16.04.2023) полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ж.В.(30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19- годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.