Кривична за велешанец, во домот му најдоа цел арсенал оружје
Велешанецот А.З.(45) доби кривична пријава затоа што годинава во февруари, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени поголема количина на оружје и муниција.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Велес поднесе кривична пријава против него поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 09.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, ловечки карабин, два пиштола, 146 куршуми, 21 ловечки патрони, расклопен ловечки карабин и репетирачка пушка.






