Кривопаланечките планинари се искачија на врвот Лисец

 По пауза од пет месеци, здружението за планинарење „Калин Камен“ од Крива Паланка вчера организираше еднодневна планинарска акција за искачување на врвот Лисец на Осоговската Планина, на надморска височина од 1.332 метри.

-Откако по паузата во пандемијата со Ковид-19 добивме известување од Федерацијата на планинарски спортови дека може да се организираат групни еднодневни акции со запазување на мерките за заштита, и максимален број учесници од 20 до 25 лица, решивме за искачување на врв Лисец со група од 20 членови под водство на Стојанче Костовски. Заинтересираноста за присуство беше голема ама како клуб, член на федерација на планинарски спортови, се придржуваме до мерките, па така се извинувам на сите членови кои не успеаја да се пријават на време и за жал не можеа да присуствуваат бидејки не бевме во можност да формираме втора група. Сепак треба да бидеме задоволни со можноста за организирање клубски акции после пауза од речиси пет месеци. За наредната акција доколку има повеќе пријавени ќе формираме две групи. Инаку акцијата под водство на Стојанче Костовски помина во најдобар ред со прекрасно време, и покрај паузата се виде дека членовите не ја изгубиле кондицијата, што е добро и веќе планираме следни акции, изјави Радмила Крстевска, претседател на ЗПСК „Калин Камен“, Крива Паланка.

Крстевска потенцира дека клубот ќе продолжи да ги следи препораките на Владата и на Федерацијата на планинарски спортови и ќе се придржуваат кон нив.

– Како и да е, секако планините се таму кај што се така што ќе имаме време за нивна посета со толку членови колку што ќе посакаат да одат, само кога ќе биде дозволено тоа. Наредната акција повторно ќе биде во паланечката околина односно Царев врв или Руен за тоа ќе одлучиме во текот на денешнито или утрешнито ден и сите љубители на планината ќе бидат навремено информирани, со лични контакти и секако на нашито фејсбук профил, додаде Крстевска.

Back to top button
Close