Кризен штаб Гостивар: Состојбата со пандемијата е сериозна, граѓаните да бидат подисциплирани

– Заради зголемувањето на бројките на новоинфицирани во гостиварскиот регион потребно е да се спроведат активности за доследно почитување на мерките за заштита од корона вирусот. Кон овој заклучок кризниот штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше се упати апел до сите институции да дадат придонес во штабот и да преземат конкретни активности. Во трите општини според последните бројки има 270 активни случаи од кои 22 кои дваесетина се третираат во болнички услови.

Меѓуопштинскиот кризен штаб за општините на 24 состанок ја разгледуваше состојбата со коронавирусот за изминатава недела и беа споделувани информации.

– Состојбата на подрачјето и натаму е сериозна. До денес, активни случаи има 270 од кои 216 во Гостивар, 49 во Врапчиште и 5 во Маврово и Ростуше. Институциите кои се вклучени во кризниот штаб да влијаат врз граѓаните во доследно почитување на мерките за заштита и препораките на здравствените власти. Потребно е да се води и поголема сметка како на личната така и колективната. Зголемиот број на новоинфицирани доаѓа од непочитувањето на препораките. Важно е граѓаните кои се позитивни на ковид 19 да даваат точни податоци во епидемиолошките анкети и да покажат повисока свест, рече Ваљбон Лимани од кризниот штаб

Во моментов во гостиварско има нови 19 на кои им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени се контроли на 332 лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата

Во СВР Тетово, вчера за неносење заштитни маски на 17лица им изготвиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Според статистиката на здравствените власти, од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 484 случаи од кои 372 во општина Гостивар, во Врапчиште 99, а во Маврово Ростуше 13 случаи. Направени се 1.584 тестирања. Во трите гостиварски општини досега како последица од Ковид-19 починале 26 лица, најмногу во Гостивар 18, Врапчиште 7 и едно лице во Маврово и Ростуше.

Back to top button
Close