Кршел стакло од врата, па завршил со тешки повреди

Инцидент во дом во село Видуше завршил со тешка телесна повреда за 33-годишен маж, откако се повредил при кршење стакло од врата.

Од СВР Тетово информираат дека на 20 август во 21:20 часот во ОВР Гостивар било пријавено од Здравствениот дом во Ростуше дека кај нив бил донесен С.Ѓ. (33) од село Видуше со тешки телесни повреди.

Полициските службеници извршиле проверки и утврдиле дека мажот сам се повредил во својот дом додека кршел стакло од врата. На местото на настанот бил извршен увид од екипа на ОВР Гостивар

Back to top button
Close