Крстевски: Трагедијата е последица на нефункционалност, неказнивост и небрежност
Шест месеци по трагичниот настан во кочанскиот клуб „Пулс“, в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, потсети на болката и обврската за промени во општеството.
„Тагата останува, болката не стивнува. Прекинатата младост, изгубените животи, одземените ближни ни создаваат уште поголема огорченост од системот кој со години дозволува корупцијата и криминалот да бидат посилни од законот и институциите“ изјави Крстевски
Тој нагласи дека трагедијата е последица на „нефункционалност, неказнивост и небрежност“ и дека граѓаните имаат право на безбедност и еднаквост пред законот.
„Имаме историска шанса коренито да ги смениме состојбите, да придонесеме за побезбедно и поправедно општество. Должни сме да градиме држава во која владеењето на правото е реалност, а не празна фраза. Тоа е најмалку што им го должиме на жртвите и на идните генерации,“ додаде Крстевски