Кручих: Москва ги отфрла наводите за кибер напади врз Бундестагот во 2015 година

 Москва ги отфрла неоснованите обвинувања за вмешаност во кибер нападите врз германскиот Бундестаг во 2015 година и истите ги смета за обид за дискредитација на Русија, изјави претставникот на рускиот претседател за меѓународна соработка во областа на безбедноста на информациите, Андреј Кручих.

Ни требаат факти, но не и обвинувањата што кружат во германските медиуми, рече Кручих, јави Тасс.

-Без изнесени факти ние решително ги отфрламе овие неосновани и длабоко исполитизирани обвинувања дека структурите на руската Влада стојат зад хакерскиот напад врз германскиот Бундестаг во 2015 година, рече тој.

Кручих додаде дека обвинувањата се сметаат за обид за дискредитација на Русија и нејзиното прикажување како агресор во очите на глобалната заедница.

Според рускиот дипломат, германските наводи,се чини, им служат за целта на демонстрирање ритуализирана западна солидарност под колосалниот притисок од Вашингтон.

Back to top button
Close