Крушево е без директна поддршка од Култура за традиционалните и државни манифестации, вели градоначалникот

Културните и историски, традиционални настани и државни манифестации што се организираат во Крушево оваа година од Министерството за култура немаат добиено директна поддршка, вели градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христовски.

Христовски, во објава на својот фејсбук-профил, споделувајќи ја информацијата за немањето поддршка за манифестациите, од Министерството за култура бара одговор за тоа каде се пренасочени средствата.

„Замислете ако Крушево како град на непокорот, Крушевската република, историјата, културата, темелните вредности како уставотворна категорија на првиот и вториот Илинден, традиција не добие директна поддршка од страна на Министерството за култура, затворете го и не знам зошто воопшто постои такво министерство, но воедно баш ме интересира како градоначалник, а исто така нашите сограѓани, каде се насочени, буџетирани и пренаменети нашите народни средства“,пишува Христовски.

Христовски.

„Нула денари за прв пат или без воопшто финансиска поддршка за настанот ‘When in Krusevo’, организиран од млади ентузијасти преку кој настан доаѓаа во Крушево над 2 500 посетители за еден Викенд“,

пишува Христовски на својот фејсбук-профил.

Тој во објавата упатува повик за Илинден, по интонирањето на државната химна, со молк да се означи државниот и национален празник.

„Затоа ве повикувам сите заедно во Крушево да застанеме гордо, особено за националниот празник Илинден да го развиориме бајракот на слободата и непокорот, после интонирањето на државната химна, со молк да го означиме државниот и национален празник Илинден, барем за толку имамезаслужено“,додава Христовски.

Христовски објавата ја завршува со „Министерство за култура под стечај, толку од патриотизмот, Македонија повторно ваша!“

Back to top button
Close