Крв во автомобилот ги откри убијците на Данка
Српската полиција соопштила дека по преглед на поголем број автомобили во потрага по исчезнатата Данка Илиќ (2) пронашла крв која била земена за ДНК анализа.
Со понатамошна истрага ќе се утврди дали се работи за крвта на девојчето од Бор, пишуваат српските медиуми.
Српски „Блиц“ пишува дека уапсените се двајца мажи. Тие се сомничат дека со автомобил „фиат панда“ го удриле и убиле девојчето, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор. Ова за српските медиуми го потврдила Криминалистичката полиција од Бор.