Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад
Група вооружени мажи со качулки отворија оган на крајот на свадба во Гулт (Воклиз), убивајќи две лица, меѓу кои и невестата, а тешко повредија уште три лица, според извор близок до случајот. Нападот се случил околу 4:30 часот утрово.
Според првичните информации, младенците ја напуштале забавата кога ги пресретнале напаѓачите кои пукале кон нив. Невестата починала, а еден од напаѓачите бил убиен, згмечен од автомобилот на двојката додека се обидувала да избега.
Сопругот, кој го преживеал нападот, е познат на полицијата по криминално здружување и злосторства поврзани со дрога, изјавил извор близок до случајот за „Франс 3“. Расчистување сметки поврзани со трговија со дрога е една од хипотезите што се разгледуваат за убиствата.
Извор: Фокус