Кржалоски: СДСМ и ВМРО да размислат за широка коалиција

Следуваат паралелни процеси на прегрупирање во СДСМ и избор на нов премиер од СДСМ или друга партија, оцени политичкиот аналитичар Александар Кржалоски, откако Зоран Заев најави оставка од лидерската позиција во СДСМ и премиерската функција после поразот на локалните избори.

-Изборот на нов премиер значи дека ќе се гласа за доверба на нова влада. Заев е убеден дека мнозинството е во рацете на СДСМ, па сега треба да се види дали е така или ќе се формира ново мнозинство. Ќе видиме следните денови, се отвори простор за тоа – рече Кржалоски на МРТВ.

Тој додаде дека по ланските парламентарни избори се пропуштила шанса да се формира големо мнозинство со двете големи партии, за што, според него, треба да се размисли во сегашната ситуација.

-Зошто се нарекуваат непријатели кога може да размислат за коалиција. Кога Меркел можеше 3-4 мандати да коалицира со германските социјалдемократи, зошто кај да не се направи широка коалиција од неколку големи партии, особено во очекување на голема криза што ни претстои – посочи Кржалоски.

Back to top button
Close