Кржаловски: Со блокирање на уставните измени, се блокираме самите себе

 

Во интервју за Сител, директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Александар Кржаловски, рече дека тоа го смета за задоцнета реакција на опозицијата, бидејќи времето за референдум и негласање на уставните измени е поминато
Не гледам смисла во опстојувањето на опозицијата на блокрањето на уставните измени, бидејќи откако се ова се помина сега е бесмислено да се блокираат уставните измени. Досега Бугарите не блокираа, а сега самите себе се блокираме, вели Александар Кржаловски, аналитичар и директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Во интервју за Сител, Кржаловски рече дека тоа го смета за задоцнета реакција на опозицијата, бидејќи времето за референдум и негласање на уставните измени е поминато Тој го нагласи и фактот што ниту една партија нема против за внесување на други малцинства во Уставот, вклучително и Бугарите.

„Ако нешто се сакаше да се направи, во смисла на референдум или негласање на уставните промени, мислам дека тоа време се пропушти и не гледам многу смисла. Дури не гледам ниту смисла во опстојувањето на блокрањето на уставните измени, бидејќи откако се ова се помина, сега е бесмислено да се блокираат уставните измени. Суштински, никој нема против самиот тој амандман да се додадат други малцинства вкучително и Бугарите во Уставот, бидејќи сите се имаат изјаснето, порано или покасно, дека суштински, содржински, тоа не е проблем. Проблем е што сето тоа е наметнато, условено од она што го правеше Бугарија. Но, самиот факт да се внесат Бугарите, бугарското малцинство или кое било малцинство, не е проблем за ниту една партија. Во таа смисла станува безмислено, бидејќи сега самите себе се блокираме. Досега Бугарите не блокираа, сега со блокирање на уставните измени ќе се блокираме сами“,рече Кржаловски, одговарајќи на прашањето колку ваквите методи даваат резултат во однос на она што беше кажано како првобитна цел на опозицијата – да се принуди власта да оди на предвремени парламентарни избори.

Кржаловски, исто така, оцени дека оваа тактика на опозицијата не е многу успешна, бидејќи, како што рече, не предизвикаа предвремени избори, а од друга страна, го блокираа Собранието кое и така, според него, е прилично девалвирано, а со ова станува бесмислено неговото постоење.

„Со овој бојкот се пропушти приликата кога беше време, додека работеше Собранието во тие 15 дена од францускиот предлог, од усвојувањето на Владата и оние заклучоци од Собранието. Опозицијата имаше начини како демократски да го спречи тоа. Ако ништо друго или да го пролонгира… Беше момент тогаш, се пропушти, историјата ќе си каже што било како било. Јас бев против, но ете, не се издејствува да се убеди Владата да не го прифати предлогот. Тој сега се прифати и, на некој начин, стана историја. Сега нема веќе ниту ефект од рефрендум ниту пак од блокирање на уставните измени“,рече Кржаловски.

Кржаловски тоа го објаснува од аспект на евроинтеграцијата на Македонија, додавајќи дека не треба сега ние да бидеме кочница, туку да видиме како Бугарија ќе постапи. Тука тој направи споредба со однесувањето на Грција по Преспанскиот договор.

„Можеби и со Бугарија ќе се случи како со Грција, иако не верувам. Но ете, ајде да видме. Грција по Преспанскиот договор почитуваше се и не блокираше ништо. Со Бугарија е многу покомплицирана ситуација, но да видиме, дали ова што се случи, ќе го издише балонот и ќе не остават на мира“,рече Кржаловски.

Back to top button
Close