Кржаловски во СТУДИО 10: Ако не ги почнеме уставните измени навреме, Албанија сама ќе ги почне преговорите со ЕУ

– Точно дека е проблем да се обезбедат тие 80 пратеници во Собранието но вината не е само во опозицијата туку и Владата требаше да ја консултира опозицијата пред почетокот на претпристаоните преговори, вели Кржаловски.
Ние имаме отсуство на елементарна самопочит и очекуваме странците да ни ги решат проблемите, коментира Кржаловски и додава дека можевме и сами лани да си го почнеме процесот со широки консултации како што рече и претседателот Стево Пендаровски. Бидејќи не го сторивме тоа, тргнавме да наоѓаме решение на балкански начин, па затоа доаѓаат странски дипломати и лидери да не уверат дека по ова нема да има нови блокади.
– Очигледно Владата не е сигурна дека има мнозинство во Собранието, но требаше на времето да започне партиципативен процес со вклучување на опозицијата. Власта треба да седне да разговара со опозицијата и да види што е загриженоста кај нив и да се решаваат проблемите со дијалог, вели Кржаловски.
Тој додава дека со избори не е целата власт во рацете на власта, туку дека мора да се земат предвид и мислењата на другите. Така прават сите други земји, вели тој.