КСОМ: Работниците да не очекуваат плата од 500 евра

Работниците да не очекуваат минимална плата од 500 евра велат од Конфедерација на синдикалните организации на Македонија.

Тоа што им следува на работниците е загарантиран минималец кој ќе порасне согласно законски утврдената методологија, проблемот велат е и во тоа што според КСОМ работодавачите не се согласуваат да зголемат плата ако владата не субвенционира придонеси.

Дополнителен проблем според синдикалците е и формирањето на комисијата која треба да се формира за да се утврди репрезентативноста на синдикатите кои се дел од ЕСС.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати изјави дека како Влада ќе прифати тоа што ќе се договорат синдикалците и работодавачите. Прашан за висината на минималната плата во земјава, премиерот Мицкоски истакна дека Владата наскоро ќе формира комисија на која треба да се утврди репрезентативноста на синдикалните претставници во Економско социјалниот совет.

Дел од работодавачите со кои поразговаравме велат дека се согласни да има раст на платите не само на минималецот но дека за тоа е потребно владата да субвенционира.

На последниот економско социјален совет владата им кажала на синдикалците и работодавачите дека субвенционирање на плати нема да поддржи. (24)

Back to top button
Close