Куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи

Кривичен суд одлучи на поранешните директори на Клиниката за радиологија и онкологија, медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нехат Нухи да им биде одреден куќен притвор  за предметот „Онкологија“.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои:

Против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ – соопштија попладнево од Основен кривичен суд Скопје.

Back to top button
Close