Куба Либре“ доби судско решение да им се уклучи струјата, ЕВН ќе го обжали на апелација

Судијата Ефтин Попески по тужбено барање од  плажата „Куба Либре“ одлучил денеска да се уклучи струјата на оваа плажа. Исто така денеска по исто такво барање од плажата „Кадмо“,  друг судија одлучено  спротивно на оваа одлука, односно да нема струја.

Барањата за двете правни лица се идентични и поднесени од ист адвокат.

Дознаваме дека ЕВН судското решение за „Куба Либре“ ќе го обжалува на апелација.

Од Општина Охрид велат дека доколку продолжат ваквите надитрувања ќе мора објектот „Куба Либре“ кој е  дивоградба да биде отстранет.

Back to top button
Close