Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан
Куба почна да ослободува некои затвореници како дел од преговорите со Ватикан и еден ден откако администрацијата на претседателот Џо Бајден ја објави својата намера да ја отстрани Куба од листата на земји кои го поддржуваат тероризмот.
Според извештаите од кубанските граѓански групи, во текот на денот биле ослободени повеќе од десет лица осудени за различни злосторства, вклучително и некои кои биле уапсени за време на протестите во 2021 година, објави АП.
Во вторникот, американската влада го извести Конгресот за својата намера да ја отстрани Куба од листата, како дел од договорот постигнат со посредство на Ватикан. Кубанските власти најавија дека ќе ослободат некои од овие лица пред администрацијата на Бајден да го заврши мандатот на 20 јануари.
Неколку часа подоцна, кубанското Министерство за надворешни работи објави дека владата го информирала папата Франциск дека постепено ќе ослободи 553 затвореници, додека властите ќе истражуваат правни и хуманитарни начини за спроведување на планот.
Куба не го поврза ослободувањето на затворениците со одлуката на САД, но нагласи дека тоа е дел од „јубилејот 2025“, прогласен од Папата, кој се одржува на секои 25 години, кога верниците одат во Рим.
Намерата на Бајден да ја повлече Куба од листата на државо спонзор на тероризмот може да биде поништена веќе следната недела, кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата, а Марко Рубио, долгогодишен поборник за санкции против Куба, ќе ја преземе функцијата секретар на Држава, пренесува Танјуг