Кулеба: Нема да има никаков договор меѓу САД и Русија зад нашиот грб

Шефот на украинската дипломатија, Дмитриј Кулеба, денеска порача дека неговата земја верува дека не постои ризик американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин да постигнат некаков договор за Украина зад грбот на официјален Киев

-Украина им кажа на своите сојузници дека нема да прифати никакви договори постигнати во разговорите во кои Украина не е присутна, рече Кулеба.

„Не гледаме никаков ризик дека оваа средба ќе резултира со постигнување договор за Украина зад наш грб“, додаде Кулеба на прес-конференцијата со шведската министерка за надворешни работи, Ана Линд.

Back to top button
Close