Кулеба: Никој друг во Европа како Македонците не разбира што значи да си понижен поради својот идентитет, јазик и култура – тоа нам ни се случува во Украина


Би сакал да изразам надеж дека Собранието на Северна Македонија ќе одлучи да ги признае руските злосторства во Украина како геноцид врз украинскиот народ. Бујар (Османи) утрово го посети градот Ирпин, виде што се случува. Македонците, како никој, веројатно во Европа, разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, за својот јазик, за својата култура. Токму тоа го доживуваме ние сега. Русија ја мрази не само соседната држава Украина, Русија го уништува украинскиот идентитет, го мрази и сака да го уништи украинскиот јазик, сака да уништи Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи

Украина се надева дека Северна Македонија ќе ги признае руските злосторства како геноцид врз украинскиот народ, бидејќи Македонците, како никој друг во Европа, веројатно разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, јазик и култура, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, објави украинската агенција Интерфакс–Украина.

„Би сакал да изразам надеж дека Собранието на Северна Македонија ќе одлучи да ги признае руските злосторства во Украина како геноцид врз украинскиот народ. Бујар (Османи) утрово го посети градот Ирпин, виде што се случува. Македонците, како никој, веројатно во Европа, разбираат што значи да се биде понижен за својот идентитет, за својот јазик, за својата култура.

Токму тоа го доживуваме ние сега. Русија ја мрази не само соседната држава Украина, Русија го уништува украинскиот идентитет, го мрази и сака да го уништи украинскиот јазик, сака да уништи Украина“,рече Кулеба на прес-конференција со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Османи денеска во Киев, објави Интерфакс.

Во рамките на својата денешна посета во Украина, шефот на дипломатијата Бујар Османи се сретна со тамошните министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, со кого разговарале за актуелната војна во оваа земја, но и за евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија и Украина, соопштија двајцата министри во заедничка прес-конференција за медиумите.

Во рамки на посетата во Украина, соопштија од Министерството за надворешни работи, шефот на дипломатијата Бујар Османи повторно ја отвори Амбасадата на земјава во главниот украински град – Киев, која по руската инвазија на Украина беше привремено затворена.

Back to top button
Close