Кулеба: Убиството на Пригожин покажува зошто се невозможни преговори со Путин


Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, на заедничката прес-конференција со француската министерка за надворешни работи Катрин Колона во Париз, изјави дека се невозможни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

– Нема причина да се верува дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги третира преговорите како што постапи со лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Што се однесува до апелите за преговори со Путин, секој што прашува за тоа, не треба да не прашува нас, туку Пригожин. Тој имаше конфликт со Путин, го решија конфликтот, се договорија за безбедносни гаранции, а потоа Путин го уби, наведе Кулеба.

Тој додаде дека „нема причина да се верува дека Путин ќе се однесува поинаку во други преговори“.

На средбата Колона – Кулеба се разговараше и за договорот за украинското жито преку Црното Море.

Back to top button
Close