Културата во пандемија: Во Охрид отворена ретроспективна ликовна изложба на странски автори

Навикнат на презаситеност во летните месеци, кога, не може и да се стигне на сите места, Охрид, македонскиот туристички и клултурен бисер, гладен за културни збиднувања во овие доцни есенски денови.
Дека е тоа така, се покажа на, овие денови отворената ретроспективна изложба на странски автори, во НУ Центар за култура “Григор Прличев”.
Почитувајќи ги најстрогите заштитни мерки и протоколи, организаторите и публиката, заеднички направија настан,кој, плени со намерите и пораките.

Прокураторот на изложбата, познатиот пеач Петар Нечоски, вели дека тргнале од замислата, од депото на Центарот, богат со ликовни дела на автори од сите светски меридијани, да го извлечат најдоброто и најрепрезентативното.
-Сакавме да внесеме дух на отпор кон злото што не снајде. Да покажеме дека и во најтешки услови културата живее, ги окуражува заболените и ситедруги. Истовремено, да испратиме порака како треба да се почитуваат мерките, пред се, од младите луге.
Нечоски додава дека, истата изложба, од триесетина дела, уште идната пролет, доколку тоа биде можно со пандемијата, за Божиќ, 7 јануари 2021, ќе биде пренесена во Њу Џерси, САД, во црквата “Свети Кирил и Методиј”.
Академскиот ликовниот уметник, Славко Упевче, кој работеше долги години во Центарот, и има најголема заслуга за полнењето на ликвоното депо, отворајќи ја постановката, мегу другото, нагласи:
– Начинот на кој публиката го прими овој настан, и особено како се однесуваше од аспект на здравствената заштита, навистина, е за поздравување и пример за сите.Самата изложба е колекција на дела од сликари, мои колеги, на кои во оваа национална установа, сме им отворале самостојни ликовни изложби. Знам дека сите би сакале да се дел од оваа презентација, но беше неопходен подбир, пред се, од просторни причини. Секоја слика е приказна за себе, бидејќи при презентацијата, на времето, сме минале многу часови со авторите во договарања како тоа најдобро да се направи.
На оваа ликовна презентација, најзастапен е ликовниот уметник Парвин Хатам од Иран, сега со место на живеење во Франција. Особен вљубеник во Охрид, кој отворил 3 самостојуни изложби.
Во Центарот за култура, изминативе децении, самостојно излагале и оставиле свои платна и цртежи, познати ликовни имиња од Србија,Црна Гора,Хрватска,Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија,Италија, Франција, Полска, Косово,САД, Канада, СР Германија, Велика Британија и други.(Крај)
Веле Митаноски






