Кумановец доби кривична пријава, изградил верски објект на присвоено државно земјиште

Педесет и шестгодишен кумановец на државно земјиште изградил верски објект без одобрение за градење, соопшти денеска СВР Куманово.

Од полицијата информираат дека е поднесена кривична пријава против М.А.(56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

-Пријавениот, во текот на 2019 година на улицата „Доне Божинов“, како инвеститор и без правен основ самоволно заземал земјиште во државна сопственост, по што изградил верски објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган, соопштија од СВР Куманово.

Back to top button
Close