Кумановец по грешка ја ранил сопругата со пушка

Кумановец вчера пријавил дека претходниот ден во кумановското село Војник, пред куќа, сопственост на негов пријател ја ранил сопругата, која завршила во болница.

-На 30.04.2023 во Полициска станица Куманово Д.Ж.(26) пријавил дека на 29.04.2023 пред куќа во село Војник, кумановско, сопственост на негов пријател, при, според пријавеното, невнимателно ракување со воздушна пушка испукал дијабола и ја повредил во раката својата сопруга Б.Ж., на која и е укажана лекарска помош во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Back to top button
Close