Кумановец во притвор за продажба на кокаин

Дилер од Куманово заработи притвор за продажба на дрога. Полицијата при преглед му пронашла кокаин.

Како што соопшти МВР, вчера вечер при извршен преглед кај Д.Д.(28) од Куманово бил пронајден кокаин.

-Тој бил приведен во полициска станица, извршен бил разговор по што била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, се наведува во полициското соопштение.

Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

Back to top button
Close