Кумановка остана и без 2.000 евра и без патување – измама од туристичка агенција

МВР информира дека вчера попладне во 15 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови.

Како што е пријавено, неколкупати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close