Куманово дел од проектот „Ослободи го умот од корупција“

Општините ќе имаат носечка улога во рамки на проектот „Ослободи го умот од корупција“, ќе се формираат локални совети кои ќе работат на искоренување на корупцијата во соработка со националните институции рече на денешниот настан во Куманово, раководителот на проектот д-р Нелко Нелковски. Проектот е инициран од Здружението на граѓани Театар Боеми, поддржан е од други седум граѓански организации, компании.

– Иницијално проектот е поддржан од американската амбасада, а исто така е под покровителство на претседателот на државата г-динот Стево Пендаровски и можам да кажам дека има консензус на институциите. Министерството за локална самоуправа е главен партнер, сите општини се носители на проектот и седиштето на проектот е генерално во државата е во општините, ече Нелковски.

Тој појасни дека проектот се презентира преку хепи хипо шоу претстава дека е долгорочен проект за развој на земјата во сите нејзини сегменти.

– Имаме и студија и анализата покажа дека само сеопфатен развој на земјата може да биде клучен за сериозно надминување на проблемите во кои ние се наоѓаме особено на корупцијата и во таа смисла проектот опфаќа снимање на филм подготовка на студија во сите општини на земјата вклучително и градот Скопје, формираме локални совети за развој кои во иднина ќе бидат носечка структура на сите активности, проектот ќе се занимава со опфаќање на сите развојни проекти, поврзување на развојната компонента од локално, национално и меѓународно ниво и вкупниот проект сметаме дека во иднина ќе биде еден од нашите дополнителни мотори за нашето интегрирање и во ЕУ и во современиот развоен свет, рече Нелковски.

Проектот е достапен за сите граѓани на сајтови, на социјалните мрежи на три јазици, македонски, албански и англиски и секој може да се вклучи во процесот.

Горан Јовановски од одделението за локален економски развој рече дека кумановци го поздравуваат проектот што го покажува нивното масовно присуство на промоцијата која се одржа пред комплексот базени во Куманово.

Back to top button
Close