Кунчев: Бугарија втора по смртност од Ковид-19 во ЕУ и на Балканот

Главниот бугарски државен здравствен инспектор, Ангел Кунчев, за време на брифинг на Националниот оперативен штаб денеска соопшти дека, според смртноста од Ковид-19, Бугарија е втора во ЕУ, зад Унгарија, и втора на Балканскиот полуостров, зад Северна Македонија, јавува дописникот на МИА од Софија.

Според Кунчев, во пракса се случи тоа што долго време бугарските здравствени власти го очекуваа – да дојде до постепено задржување и опаѓање на заболувањата. Овој тренд, оцени тој, може да се забележи во перформансите на Бугарија во Европската унија и на Балканот .

Врз основа на заболувањата во последните 14 дена, во Бугарија во моментов има 635 заразени на 100.000, што ја става на деветото место во Европската унија и четврто на Балканскиот полуостров.

-Податоците во Бугарија за третиот бран од Ковид-19 се пониски во однос на вториот бран од ноември минатата година. Ова не треба да ги смири здравствените власти, коментира Ангел Кунчев, бидејќи бројот на хоспитализации и пациенти на одделите за интензивна нега се уште е голем.

Back to top button
Close