Куомо: Бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците во државата Њујорк се намали на 817
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/07/kuomo-bro-ot-na-pacienti-so-kovid-19-vo-bolnicite-vo-drzhavata-u-ork-se-namali-na-817.jpg)
Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во државата Њујорк се намали на 817, што е најмал број од 18 март, изјави денеска гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо.
Тој кажа дека државата Њујорк бележи постојан напредок во борбата против коронавирусот и додаде дека во последните 24 часа умреле девет лица, пренесоа британските медиуми.
-Бројките почнаа да се намалуваат откако почнавме со отворањето, рече Куомо на прес-конференција.