Куомо: Сојузните држави направија грешка што ги послушаа повиците на Трамп за отворање во екот на пандемијата

– Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо денеска изјави дека другите држави направија грешка што ги послушаа повиците на американскиот претседател Доналд Трамп да се отворат за време на пандемијата.

Куомо рече дека сојузната влада беше неспособна и во негирањето и дека вршела притисок врз државите повторно невнимателно да се отворат, што тие тоа и го сторија, соопшти Си-Ен-Ен.

„Ослободете се, ослободете се, ослободете се“, рече Куомо, потсетувајќи на твитите на американскиот претседател за ова прашање.

-Нивна грешка беше што го послушаа претседателот, додаде тој.

Куомо кажа дека луѓето од други држави доаѓаат во Њујорк за да најдат засолниште од вирусот.

-Другите држави мораат вирусот да го стават под контрола, рече гувернерот на Њујорк. сд/

Back to top button
Close