Куп на Македонија за Сениори-ки

 Македонските атлетичари на Националната Арена „Тоше Проевски“ во Скопје изминатите два дена се натпреваруваа во 17 машки и 16 женски атлетски дисциплини во најсилната Сениорска категорија, без присуство на публика, без присуство на тренерите директно на терен, и со максимални мерки за заштита и почитување на протоколите за вирусот Ковид-19.

На овој натпревар првпат е воведен и најсовремен систем за електронско мерење, како и систем за погрешен стар.

Од Атлетска федерација на Македонија денеска информираа дека најистакнати резултати може да се издвојат победите на Дарио Ивановски во трките на 10 000 и 5000метри, Дрита Ислами која финиширала прва во четири дисциплини на 100 метри пречки, 400 метри пречки, 200 и 400 метри, Јован Стојовски кој одлично си го одработи својот настап освојувајчи три први места во трките на 100 метри, 200 и 400 метри, Адријана Поп Арсова која со својот настап на средни патеки покажа дека може да се носи со резултатите од спринтерските дисциплини. Тука е и фрлачот Стефан Стефановски кој имал одличен настап во фрлање диск и уште многу други квалитетни атлетичари кои почитувајќи ги мерките за заштита и протколите на Атлетката федерација ја искористиле шансата во овие услови на светска пандемија да ги одмерат силите на тартанот.

Во екипен пласман Атлетските клубови бодовите во Женска конкуренција првите места ги освоија АК Делта со освоени 41 поен ,за само 1 дог на втората позиција се најде АК Куманово со 40 поени и трето пласирани АК Охрид со освоени 24 поени, во Машка конкуренција Првото место го освои АК Студенти со освоени 35 поени , второ пласирани АК Охрид со 32 поени и како трети се пласираше клубот на АК Делта со освоени 27 поени .

Во севкупна конкуренција прво пласирана е екипата на АК Делта со освоени 68 поени, второ место екипата на АК Куманово со совоени 50 поени и трето пласирани се АК Студенти со вкупно освоени 43 поени.

Back to top button
Close