Курдската работничка партија презеде одговорност за терористичкиот напад во Анкара

 

Курдската работничка партија (ПКК) ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во близина на Анкара во кој загинаа пет лица.

Во соопштение на военото крило на ПКК се наведува дека нападот на просториите на воздухопловната и одбранбена компанија (ТУСАС) го извеле двајца членови на нејзиниот т.н. „Бесмртен баталјон“, како одговор на турските масакри и други акции во курдските региони.

Маж и жена влегоа во просториите на ТУСАС во средата, подметнаа експлозив и почнаа да пукаат, пришто убија четворица вработени во компанијата, а 20 беа повредени. Напаѓачите до таму стигнале со такси, што го украле, откако го убиле возачот.

Двајцата членови на ПКК подоцна беа ликвидирани во престрелка со турските сили за безбедност.

Back to top button
Close