Курир: Утрово во кафуле нападнат новинарот Златев

Порталот Курир јавува дека утрово во ресторан во близина на гимназијата Орце Николов бил нападнат новинарот и уредник на порталот Лидер,Љупче Златев.


Курир тврди дека нападот го извршило лице кое било лично обезбедување на семејството на еден бизнисмен. Настанот инаку веднаш потоа бил пријавен во полиција и се очекува повеќе детали во текот на денот. Настанот како што објавува порталот веднаш бил пријавен во полиција. Курир пишува дека нападот уследил откако деновиве новинарот Златев објавил повеке афери и скандали за познат бизнисмен поранешен функционер.

Back to top button
Close