Курти: Блокадите на северот на Косово ги организираше Белград со поддршка на Русија

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека блокадата на патиштата на северот на Косово не е спонтана, туку дека е организирана од Белград со поддршка на Русија.

-Замената на регистарските таблички што ги воведе Вучиќ е одлука на мојата влада. Имаат два месеци за тоа… А истото важи и за личните документи. За неколку часа во неделата, додека важеше одлуката, беа издадена без инциденти на граничните премини кои беа отворени.

-Затоа мораа да повикаат некого на барикадите, протестот не настана спонтано од народот на Косово. Блокадата ја организираше Белград, што Русија го поддржа“, изјави косовскиот премиер, пренесува порталот Косев.

Курти тврди дека луѓето кои биле на барикадите работат во диви објекти на северот на Косово и дека се платени од Белград.

-Обвинителот ги разгледува видеата објавени на социјалните мрежи. Тоа се луѓе на платниот список на Белград кои работат во нелегални објекти на северот на Косово. Некои од нив навистина беа криминалци кои минатата година завршија на црната листа на американското Министерство за финансии. Мислам на Милан Радоичиќ и Звонка Веселиновиќ.

Тоа беше дежа ву, овој метод го користеа Србите на почетокот на 90-тите за време на распадот на Југославија. Но, Косово сега е демократска земја, тие можат многу малку да направат. Тие се фрустрирани затоа што нашата економија, иако не нѐ признаваат како држава, напредува“, рече Курти во интервјуто.

Одговарајќи на прашањето дали влегувањето на Косово во НАТО ќе создаде тензии со Србија, Курти вели дека такво нешто само ќе помогне за мирот во регионот. Курти вели дека ризикот од конфликт на Косово постои по руската инвазија на Украина.

„Не сакам да кажам дека ризикот е многу голем, бидејќи тука имаме контингент на НАТО, но секако е висок. На крајот на краиштата, ние сме демократија која се граничи со автократија“, рече косовскиот премиер, пренесува Косев.

 

 

Back to top button
Close