Курти доби забрана за учество на изборите во Косово

Претседателот на движењето Самоопределување, Албин Курти, нема да може да биде на списокот на партијата на парламентарните избори закажани за 14 февруари, бидејќи тој е осуден за кривични дела во изминатите три години, пренесува Газета Експрес.

Во јануари 2018 година, Курти беше осуден за две кривични дела – употреба на оружје или опасни средства и попречување на службено лице при вршење на службени должности. Првиот акт се однесува на фрлање солзавец во Собранието на Косово во 2015 година. Според одлуката на Уставниот суд, сите лица кои биле осудени за кривични дела во претходните три години не можат да учествуваат на изборите.

Покрај Курти, Централната изборна комисија забрани учество на други 46 партиски кандидати на изборните листи од истата причина. На партиите им беше даден рок до 22 јануари да ги достават листите без тие кандидати.

Back to top button
Close