Курти: Македонија да се држи до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија и Вучиќ
Премиерот на Косово Албин Курти од Тетово вчера порача дека Македонија треба да се држи што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а што подалеку од Србија и претседателот на Србија Александар Вучиќ, објави ТВ 21.
Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира од Милошевиќ и од Путин. Вака Македонија ќе биде што поблиску до влез во Европската Унија а нашиот Балкански регион ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да ѝ помагаме и ќе ја поддржуваме Македонија, изјави Курти.