Курти: Средбите во Брисел со Вучиќ треба да се одржуваат секој месец

Состаноците во Брисел треба да се одржуваат секој месец, изјави косовскиот премиер Албин Курти, говорејќи за приштинските медиуми за дијалогот Косово-Србија и можноста за средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Минатата година, на 18 август, се договоривме во Брисел да се среќаваме секој месец, во септември тоа не се случи, туку дојде француско-германски предлог, кој го нарекуваме предлог на Европската унија, кој беше поддржан од Франција и Германија и немаше средба до 21 ноември“, потсети Курти.

Курти рече дека требало да имаат почести состаноци бидејќи „несогласувањата се големи, а довербата е мала“.

„Сепак, се надевам дека оваа година ќе има поголема посветеност од меѓународната заедница, особено од Европската унија и САД“.

Back to top button
Close