Курти загрижен за нападите врз косовската полиција и КФОР
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е загрижен поради нападите врз косовската полиција и членовите и новинарите на КФОР.
Курти на Твитер соопшти дека денеска по тој повод се сретнал со амбасадорите на Квинта и со шефот на Мисијата на ЕУ на Косово.
„Ја споделувам загриженоста за насилството и ги осудувам нападите врз косовската полиција, КФОР и новинарите. Ултранационалистичките српски графити на возилата на НАТО се мрачен потсетник во Косово. Ние се залагаме за мир и безбедност“, рече Курти.