Кутиров за тв 24: Немам проблем да поднесам оставка ако тоа помогне во ситуацијата

Директорката на царинската управа Славица Кутиров во емисијата 24 анализа истакна дека интерната процедра на царината е дека секторот за внатрешна контрола почнува истрана и сега има постапка за суспендирање на двајцата службеници кои таа вечер биле на смена и нивниот непосреден  раководител и врз основа на наодите од дисциплинската постапка ќе се процени дали информациите кои ќе се се соберат ќе има потреба да се спроведат до Јавното обвнителство.

Во врска со одговорноста како директор на царинската управа и барањето за оставка, таа истакна дека нема да ја поднесе.

– Јас лично немам проблем да поднесам оставка доколку тоа би помогнало во постоечката ситуација. Ако се смета дека тоа ќе има позитивно влијание. Сметам дека царинската управа е една од најсериозните институции во државата која води постојана битка да ги олесни границите, да го забрза протокот и истовреено да контролира и тоа е тежок баланс за воспоставување. – рече Кутиров.

Back to top button
Close