Кузеска: Фронтекс е веќе активен, ЕУ е заштитник на границите и гарантор на идентитетот

Во нашата држава започна Заедничката операција под закрила на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС со соработка со македонската полиција, откако Договорот беше ратификуван од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

Договорот со ФРОНТЕКСе прв договор потпишан со ЕУ на официјален македонски јазик, со чиста формулација, без додавки и фусноти, каде нашиот македонски јазик е рамноправен со сите останати јазици на ЕУ.Со тоа и официјално пропаднаа сите лаги и хистерии што ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги пласираа за наводно бришење и загрозување на македонскиот јазик.Реализацијата на овој Договор е дополнителна заштита на нашите граници, на нашиот територијален интегритет.Благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ и коалицијата, денес Македонија е препознаена како земја – фактор на стабилност во регионот, кредибилен партнер во одржувањето на мирот и безбедноста.Покрај напредокот во евроинтеграциите, Македонија оваа година, годината на сериозни глобални предизвици успешно претседава и со ОБСЕ една од најзначијте безбедносни организации во светот.Сето тоа за нас како партија е дополнителен мотив да продолжиме со реализација на потребни реформи и услогласување на македонското законодавство со европското, за побрзо завршување на преговорите со ЕУ.СДСМ продолжува да биде дел од секој државен и национален успех, заедно со граѓаните ги реализираме стратешките цели.

Одговор на новинарско прашање

Дозволете ми да нотирам дека Христијан Мицкоски, деградира, навредува, омаловажува професори којшто ќе учествуваат во таа работна група.

Но јас би ја тргнала таа кривична одговорност која што е безпредметна значи токму кривичната одговорност за која што зборува Мицкоски е безпредметна и би скала да прашам кога конечно Христијан Мицкоски ќе понесе морална одговорност затоа што не учествува во ниту еден процес кој ја носи државата напред.Не учествуваа и не аплаудираа и не го поздравија членството на земјата во НАТО. Гледавме како воопшто не гласаа за европскиот предлог со којшто ги отпочнавме преговорите за членство во ЕУ. 

Сите тие стратешки цели којшто ги остваруваме денеска носат инвестиции којшто се највисоки капитални инвестиции од независноста до денес како што е последната од  205 милиони евра. Како најтазе пример ќе го земам 62% зголемен процентот на ИПАРД 3 програмата за неповратни средства од ЕУ итн. Бенефитите веќе и се чуствуваат.Прашањето е кога Христијан Мицкоски пред да зборува за било каква одговорност ќе понесе тој морална одговорност што никако не учествува во реализација на стратешките цели којшто и се потребни на државата за напредок и на граѓаните којшто живеат во неа.Ќе го дополнам  претходниот одговор. Она што сега го прават ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски е токму тоа паниката  што ја имаат во своите редови. Се погласни се оние информации дека пратеници па и градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат и се за уставните измени. Оттука потекнуваат сите овие манипулации  за закани, за уцени, нешто што е својствено токму само за ВМРО-ДПМНЕ и сами видовте како ги тераа своите пратеници да потпишуваат нотарски изјави којшто исто беа правно доведени во прашање

Одговор на новинарско прашање

Сакам да ја потсетам јавноста дека Александар Николоски е посочен извор на лажни вести и од амбасади и е демантиран токму од истите, од меѓународни институции.Она што сака да го прави Александар Николоски и во својот статус и ВМРО-ДПМНЕ преку своите изјави токму на оваа тема е спинување на Закон којшто е потполно јасен.За да бидам прецизна ќе се повикам токму на Законот, за јавноста да нема дилеми.

Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 е донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (број 163) што значи е достапен за јавноста.Во член 11, став (3), односно во делот каде се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси. Е токму ова е моментот каде Николоски го прави тој спин. Николоски спинува, затоа што законот е јасен. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси којшто може да ги користи тогаш може прцентот да биде повисок од 51%.Во член 13 во однос на другото прашање, во став 1 јасно стои дека ангажираните работници мора да имаат потребни дозволи за престој и работа и согласно овој специјален Закон точно е утврдена оваа процедура односно она што стои во Договорот е согласно со законот.

Back to top button
Close