Кузеска: Мицкоски ги измами граѓаните додека водеше црна кампања против СДСМ
Мицкоски лаже, многу, многу лаже! Христијан Мицкоски лаже, многу лаже. Со лага дојде на власт. Со лаги владее. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема изговори Северна. Излажа. Мицкоски ги измами граѓаните, додека интензивно водеше црна кампања против СДСМ и против сите нас дека сме предавници, истакна на прес – конференција портпаролката на СДСМ, Боданка Кузеска.

Не им кажа на граѓаните дека поништување на Преспанскиот договор ќе значи враќање на ПЈРМ и ФИРОМ, губење на членството во НАТО и загрозување на безбедноста.
Денеска на сите им е јасно дека зборот не му вреди.
Јавно Мицкоски изјави дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“, ќе си даде оставка.
Излажа.
Велеше дека како советник на Никола Груевски работел „про боно“.
Излажа.
Рече дека трајно ќе се повлече од политиката ако се појават мигранти, односно „економски работници“. На плоштадот до него беа на Нова Година а во Прилеп на автобуска станица ги виде цела Македонија.
Ветуваше одговорност и правда. Денеска го штити Тошковски. Криминалците се во врвот на власта, одговорност нема, правдата е погребана.
За поставувањето на Душан Адамовиќ, за почесен конзул во Србија рече дека стои македонскиот амбасадор.
И за ова излажа.
Сè е лага до лага. Граѓаните веќе гледаат дека зборовите на Мицкоски не значат ништо.
40% од медиумите се под контрола преку мрежата на Орбан и тоа се злоупотребува за манипулации со граѓаните.
ВМРО лаже!
Мицкоски, многу, многу лаже!
Граѓани, не дозволувајте повеќе да не лаже!
Одговор на новинарско прашање
Владата профитира, зошто се поскапени цените на горивата кога има пад на светските берзи?
– По падот на цените на светските берзи, власта треба веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија, наместо граѓаните да плаќаат поскапо. Зошто се поскапени цените кога има пад на светските берзи?
Со сегашното зголемување граѓаните плаќаат над 3 милиони евра неделно повеќе. Се поставува прашањето кој има интерес од ова поскапување и каде завршуваат овие пари? Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера?
Велат мерките предложени од СДСМ не ги интересираат, они знаат подобро. Па нивната политика се сведе само на тендери, проценти и бизнис комбинации. Секоја работа за Мицкоски е бизнис. Тоа граѓаните многу добро го знаат. Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.
Одговор на новинарско прашање
Власта менува термини заради манипулација, „мигранти“ или „економски работници“ – граѓаните ги гледаат
Мицкоски лаже како и за се друго. Наречете ги како сакате, нека бидат и економски работници, тие само ја менуваат терминологијата заради манипулација. Како и да се наречат, фактите се следни: Законот за странци е усвоен. Олеснети процедури. Одлука за отворање на вратите за 10.000 работници само во 2026 година од странство е усвоена.
Значи може како сакаат да ги наречат, економски работници, странски работници, мигранти, азиланти суштината е иста.
Ги отпуштаат нашите работници, се прави простор за „економски работници“.
И на крајот, луѓето и самите гледаат колку „економски работници“ има на улиците. Не треба ние да им кажуваме.
Луѓето не се слепи.





