Кузеска: Победи слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компримитирање на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ вечерва на првата прес-конференција по затворањето на избирачките места оцени дека вториот круг од изборите поминал во фер и демократска атмосфера.

Портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека победила слободната волја на граѓаните и покрај обидите за компромитирање на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Не успеаја обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги компримитира изборите. Таквите режимски методи врз слободната волја на граѓаните беа откриени и по нив постапуваат надлежните институции. Ѓорче Петров, Кочани, Македонска Каменица се само дел случаите каде ВМРО-ДПМНЕ со своите режимски тактики се обиде незаконски да влијае врз изборниот процес. Граѓаните денеска на демократски и слободни избори го дадоа својот глас слободно и без притисоци, а избирачката волја на мнозинството ќе биде испочитувана. Во име на СДСМ и честитам на граѓаните и на институциите за денешниот успешен изборен ден, истакна Кузеска.

Во текот на вечерта, како што најави, СДСМ ќе излезе со првични резултати од гласањето

Back to top button
Close