Кузеска: (СДСМ со документи) Нов скандал во Министерството на Андоновски: Жената Државен секретар а мажот добива тендери
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка
Денес продолжуваме со објавување на серијата скандали поврзани со тендерските мрежи на ДПМНЕ.
Пред граѓаните ќе покажеме документи и факти, со кои основано се сомневаме за постоење систем на корупција и испумпување на парите на граѓаните преку јавните набавки во државните и општинските институции кои ги води ДПМНЕ.
Очигледно, не постои СЛУЧАЈНО избрана фирма кога се работи за тендерите на ДПМНЕ.
Денешниот скандал е пример за ДИРЕКТЕН конфликт на интерес, НЕПОТИЗАМ и основано сомнение за корупција во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски.
Во Министерството на Андоновски, каде втор човек е Државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров.
Еве ги фактите.
Ова се два договори, склучени помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчаров.
Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари.
Само од овие два тендери, преку Министерството на Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото министерство.
Ете каде завршуваат парите на граѓаните. Во семејните фирми на функционерите од ДПМНЕ.
Ова е еклатантен пример за конфликт на интерес и непотизам од страна на ДПМНЕ. Но и сериозен сомнеж за корупција.
Прашањето е каква е улогата на министерот Андоновски во овој скандал? Дали бил и тој соучесник?
Бидејќи неговото име и презиме стои на договорите како потписник!
Почитувани, со овој скандал се потврдува нашето тврдење дека ДПМНЕ ги испумпува парите на граѓаните преку мрежа на фирми и тендери.
Но се потврдува и фактот дека на голема врата ги враќа изведувачите на Скопје 2014 во нивните сегашни бизнис шеми.
Истата оваа фирмата на Мартин Клинчаров била дел од изведувачите на проектот Скопје 2014, за поставување на мермер и изведба на мостот Гоце Делчев.
Близината на кадрите на ДПМНЕ и Маето Дизајн оди дотаму што фирмата се јавува и како донатор во Општина Аеродром, во перид кога градоначалник е, Тимчо Муцунски.
И повторно, истиот Тимчо ја поставил Гордана Клинчарова за Раководител на секторот финансии за време на неговиот мандат.
Традиционално, секаде каде што Гордана Клинчарова е поставена од ДПМНЕ на одредена позиција, нејзиниот сопруг развива тесна институционална соработка.
СДСМ бара:
-Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет и да постапи за овој скандал.
-Сите надлежни институции да се вклучат во негово расчистување.
СДСМ ќе ја продолжи борбата против злоупотребата на парите на граѓаните.
Шемата е страотна и ќе биде целосно презентирана во јавноста со сите докази за лица кои се директно поврзани со ДПМНЕ и со компаниите кои земале милионски тендери.