Кузмановски се извини: Тоа е постапка со која не се гордеам и момент на слабост

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија поради скандалозното видео за „шмркање бело“ на социјалните мрежи, Игор Кузмановски, вечерва се огласи на Фејсбук, изразувајќи каење и извинување за постапките.

„Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето превземање на менаџирање на клиниката за неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример. Секој човек во животот се соочил со слабости, предизвици и грешки. После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови“, пишува Кузмановски.

Тој додава дека се повлекува од функцијата директор на клинката задоволен со многуте резултати кои ги постигнал со својот тим.

„Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам како доктор, она што највеќе го знам, сакам и живеам, да спасувам животи, помагам и работам за доброто на заедницата“, истакна Кузмановски.

Back to top button
Close