Квалификации за СП 2026: Македонија победи против Казахстан
Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада на гости Казахстан со 0:1 (0:1) во дуел од квалификациите за пласман на Свесткото првенство во 2026 година.
Стрелец на единствениот гол беше Александар Трајковски во 33-тата минута од мечот.
По 4 одиграни меча, „жолто-црвените“ се на првото место на табелата со 8 бодови, па следи Велс со 7 и натпревар помалку. На Мундијалот патува првопласираната екипа, додека втората игра бараж