Квалитетот на ,,Зегин“ препознаен од Француската Амбасада во нашата земја.

Уште една конфирмација и благодарност за трудот, посветеноста и несебичното вложување на фармацевтскиот и лекарскиот тим на ПЗУ Зегин Медика под раководство на д-р Евросима Десовска Геговска во справувањето со здравствената состојба и лекувањето на пациентите позитивни на COVID-19 вирусот кој предизвика криза во светски рамки.

Овој пат квалитетот беше препознаен од Француската Амбасада во нашата земја.

Ваквата потврда ни дава поттик и желба и понатаму да продолжиме успешно да ја реализираме мисијата за добро здравје на сите наши граѓани.

Огромна благодарност до Амбасадата и Францускиот Амбасадор, г-дин Сирил Бомгартнер кои ja препознаа заложбата на целиот тим на групацијата Зегин.

Back to top button
Close