Квинтетот „Виенска камерна симфонија“ вечер на „Охридско лето“

„Виенска камерна симфонија“ од Австрија вечер ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“, во рамките на музичката програма на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Камерниот оркестар го сочинуваат Лаура Лози – прва виолина, Естеле Вебер – втора виолина, Џорџиа Венециано – виола, Серџо Мастро – виолончело и Дамиан Посе – контрабас.

Виенската камерна симфонија, како што информира националната установа „Охридско лето“, е ансамбл составен од талентирани музичaри кои живеат и работат во Виена. Овој состав има широк репертоар на класични дела почнувајќи од XIX век, па сѐ до современи, како и дела од композитори кои неправедно се запоставени или заборавени.

– Членовите на ансамблот најчесто настапуваат во формација на квинтет, следејќи ги традиционалните елементи на изведба во камерен оркестар, со симфониски концепт. Во Шпанија дебитираат со изведба на уникатен аранжман на Бетовеновата Петта симфонија , а посебно место во нивниот репертоар има изведбата на концерти за пијано, но во елегантна, камерна варијанта, стои во информацијата.

Формиран во 2006 година, квинтетот „Виенска камерна симфонија“ голем дел од своите први концерти ги изведува во Шпанија, како дел од прославата на „Годината на Моцарт“, а се примени со бројни позитивни критики од публиката и критиката која ги опишува како „најдобри изведувачи во долгата концертна сезона посветeна исклучиво на Моцарт

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close