КЗБ: Расте бројот на заразени со ковид, засега нема ограничувања
Комисијата за заразни болести (КЗБ) на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65,8 отсто. Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи.
Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.