Лајен за Украина: Претстојната недела ќе биде одлучувачка


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти дека разговарала со партнерите од таканаречената „Коалиција на подготвените“ за ставање крај на војната во Украина и истакна дека партнерите потврдиле дека целта е да се постигне праведен и одржлив мир.

– Одржливиот мир значи дека секој мировен договор не смее да содржи семе на иден конфликт и да ја дестабилизира пошироката европска безбедносна архитектура, напиша фон дер Лајен на X.

Таа изјави дека со партнерите разговарала за потребата од „робусни и сигурни“ безбедносни гаранции.

Лајен додаде дека ги информирала лидерите од групата „Коалиција на подготвените“ за работата за обезбедување финансии за Украина за периодот 2026-2027 година.

– Нашите предлози се на маса и на сите им е јасно колку е итна ситуацијата. Претстојната недела ќе биде одлучувачка, напиша Фон дер Лајен. јт/

Back to top button
Close