“Лајм”: Извештајот на министрите на ДУИ, нити помина, нити се редактирал

Претседателството на ДУИ, во сабота не успеа да ја заокружи дебатата за отчет на работата на министрите на оваа партија. Иако министрите на ДУИ, освен министерот Бујар Османи, поднесоа извештаи за сработеното, сепак на крајот сето ова не заврши со конкретен епилог, така што присутните одлучија следниот состанок да биде закажан за 19 ноември.

Извори од ДУИ за весник “Лајм” информираа дека потпретседателот на партијата Изет Меџити, секретарот Блерим Беџети, членот на Надзорниот одбор на партијата Муса Џафери, претседателот на Форумот за Млади, Авни Рустеми, Невзат Бејта, др.Флорим Рамадани и други високи претставници на ДУИ, најостро ја критикувале работата на министрите на ДУИ и дека на крајот на овој состанок не поминал Известајот на министрите.

Во фокусот на критиките бил првиот заменик/премиер Артан Груби. Освен многубројните критики, незадоволните ги критикувале министрите и заради неупотребата на албанскиот јазик во текот на седниците на владата.

Исто така во текот на ова дебата, не поминало ни редактирањето на Извештајот на министрите, кој како најави лидерот на ДУИ Али Ахмети, требаше да се спроведува од генералниот секретар на партијата Фатон Ахмети, потпретседателот Изет Меџити и заменик премиерот Артан Груби. Состанокот во недела беше откажан, а следниот е заказан за 19 ноември.

Иако после состанокот Ахмети рече дека во текот на дебатата не се дебатирало за разрешување или промена на министрите, претставниците на Огнената Група, пред почетокотот на средбата јавно го изнесоа незадоволството во врска со работата на министрите на ДУИ и изразија спремност и одлучност дека нема да отстапат од нивното барање за разрешување на министрите.

 

Фејзи Хајдари

извор: Лајм

 

Back to top button
Close